Вардар конечно се израдува во Лигата на шампиони и ја запиша втората сезонска победа откако денеска во „Јане Сандански“ го совлада Елверум со 35-32. По неделното реми со овој противник исто така во Скопје, нашиот тим денеска како „гостин“ победи за прв пат по 15 октомври и оној дуел со Флензбург и тоа благодарение на фуриозниот финиш на средбата. 

Вардар добро го отвори натпреварот, па во првоти 10 минути имаше контрола на резултатот и водство од 6-9. Потоа на сцена стапи гостинскиот голман Торстен Фрис, кој успеваше да одбрани зицери на Вардар. Собра вкупно 10 интервенции во првото полувреме, па Норвежаните дојдоа и до +4, а на полувремето резултатот беше 20-17 за противникот.

Во второто полувреме, „црвено-црните“ имаа блесок со серија од 1-5, па од 23-20, дојде до водство (24-25). Сепак, нашиот тим како да се потроши, па по многуте грешки во нападот при додавањата му дозволи на Елверум да се врати во водство. Вардар блесна во финишот кога со серија од 0-4 ја врати предноста за 32-34 на само минута и 10 секунди до крајот. Елверум брзаше и погреши во последните секунди, па Вардар со гол ја запечати  првата победа (32-35) во Лигата на шампиони уште од октомври и оној дуел со Фленсбург.

Тимур Дибиров постигна девет погодоци, шест имаше Гоце Георгиевски од кои два во самиот финиш, кога се реашаваше победникот. Вардаровите голмани искомбинираа вкупно 10 одбрани, Кантегрел пет и исто толку и Кизиќ. Доминик Мате и Михаел Пужол беа најефикасни кај Елверум со пет погодоци. 

Во рамки на групата А, со денешната победа Вардар му го препушти последното место на табелата на Елверум и сега е седми со шест бодови или еден повеќе од денешниот ривал.