Кјелце го реши ГОГ и се пласира во четвртфинале на ЛШ

Ракометарите на Кјелце беа подобри (33-28) од ГОГ во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампиони (ЛШ), а тоа значеше и пласман во следното коло од елитното натпреварување.

Полскиот тим го доби првото полувреме со 16-12, а ГОГ во вториот дел не успеа да направи изненадување и се збогува од ЛШ.

Алекс Душебаев постигна седум голови за Кјелце, додека Менсинг запиша шест погодоци за ГОГ.