Јовиќ: Време е од мачиња да се претвориме во лавови
По поразот од Бешикташ на домашен терен минатиот викенд, нашиот вицепрвак не смее да си дозволи нов пораз пред домашната публика. Александар Јовиќ, помошникот на Лино Червар, кој е отсутен овие денови поради обврски со хрватската репрезентација, вели дека тимот научил од грешките од минатите натпревари и мора да се подобри борбеноста. Иако се работи за млад тим, Метлург мора брзо да порасне.
„Фаворитската улога би му ја препуштил на Спортинг, се работи за искусна екипа. Игра цврсто во одбрана и има транзиција во напад. Клубот ги исполнува сите обврски кон нас, сега ние сме на ред да ги исполниме обврските кон него. Треба да завршиме со криење - имавме лош ден или лошо судење. Време е на овој натпревар да се трансформираме и од мачиња да станеме лавови. Само така може да се спротиставиме на Спортинг, со беспрекорна борбеност во одбрана. Преку таа одбрана да дадеме лесни голови во транизција во напад и да играме ангажирано. Потребна ни е и публиката, која ако успееме да ја кренеме на нозе ќе бидеме горди. Ги поправивме грешките со Бешикташ, мислам ќе бидеме спремни“, изјави Јовиќ.