Хрватска магија: Асистенција без гледање од зад грб, па гол со – шрауба (ВИДЕО)

Ракометарите на Хрватска, попладнево, против Украина, го играат последниот меч од групната фаза на ЕП 2022 во кој со победа широко ќе си ги отворат вратите од вториот круг, иако ќе треба да почекаат да видат да не направат Србите чудо против Франција.

„Коцкестите“ добро отворија и водат во поголем дел од првото полувреме против веќе отпишаните Украинци, прикажувајќи одлична игра и покрај многуте отсуства поради проблеми со коронавирусот. Нивниот квалитет можеше да се види уште во првата половина од првиот дел, кога гледачите беа сведоци на фантастична асистенција и уште помајсторски гол.

Во улога на додавач и тоа од зад грб, без гледање, беше Лучин, а егзекутор и тоа со потег кој во ватерполото го нарекуваат шрауба, за уживање на гледачите.