Георгиевски: Секој натпревар има своја тежина и секоја победа носи самодоверба

Гоце Георгиевски беше еден од најдобрите во таборот на Вардар во победата над Елверум во Лигата на шампиони пред два дена. 

Репрезентативното крило сега очекува нов тежок дуел со Мотор Запорожје во СЕХА-лигата. Иако не се работи за Лига на шампиони, популарниот Џомба смета дека секоја натпревар е шанса за нова победа, која би донела уште поголема самодоверба. 

„Ни следува натпревар со Мотор Запорожје во друго натпреварување. Ова е тежок период, бидејќи месецов одигравме доста натпревари. Знаевме дека ќе биде вака, го очекувавме овој период, но како и за нас така и за другите е исто. Постојано сме во подготовки, тренинзи, патувања, натпревари. Мотор е сериозен ривал, кој игра добро во Лигата на шампиони и се наоѓа на 3.место во својата група. Од она што можевме да го видиме, се работи за екипа која трча многу и постигнува голови. Квалитетен ривал, која може да ни биде и потенцијален ривал во осминафиналето во Лигата на шампиони. Може секој да ни биде ривал. Мора добро да се подготвиме. Се работи за СЕХА-лига, но секој натпревар има своја тежина и секоја победа носи поголема самодоверба и подобра атмосфера. Ова е важен натпревар за нас и се надевам дека добро ќе се подготвиме и ќе дојдеме до поволен резултат“, изјави Георгеивски.