Француските ракометарки по продолженија се пласираа во големото финале!

Женската ракометна репрезентација на Франција ја избегна судбината на нивната машка селекција, по продолженија ја победија Шведска со 31-28 и ќе се борат за златниот медал на Олимписките игри.

Шведска беше подобра во првото полувреме, на одморот замина со предност од 12-10. Во вториот дел Швеѓанките водеа и со четири гола разлика, беше 21-17 кога предноста на гостинките почна да се топи. По 60 минути игра беше 25-25, па победникот се решаваше во продолженија.

Во продолженијата Французинките беа значително подобри и ги добија мечот со 31-28.

Хорачек со осум голови беше најефикасна во победничката селекција, Минко даде седум погодоци, кај Швеѓанките, Хагман реализираше шестпати.

Франција во финалето ќе игра со победникот од скандинавската пресметка меѓу Норвешка и Данска.