Еурофарм Пелистер го здроби Радовиш со 20 разлика
Радовиш имаше водство само на стартот од 3-2, по што Е. Пелистер направи серија од 7-1 и го сврте резултатот во своја корист, па на полувреме замина со предност од 19-10.
Во вториот дел водството на екипата од Битола продолжи да расте и ги достигна максимални 20 разлика (42-22).
Најдобар во победничкиот тим беше Граџан со осум голови, додека Вујниќ постигна исто толку на спротивната страна.