Екс-вардарец е убедливо најплатен во Веспрем, ама тоа не е – Дејан Манасков!

По тимот на Барселона, на социјалните мрежи деновиве се појави видео на кое се гледа движењето на платите во унгарскиот ракометен гигант Веспрем во последните шест години, листа на која има многу поранешни играчи на Вардар меѓу кои е и македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков.

Убедливо најплатен во овој тим е исто така поранешен вардарец, Вуко Борозан, кој месечно (ќе) заработува дури 27.500 евра. Зад него, на делба на втората позиција, има четворица ракометари, меѓу кои е и поранешниот чувар на мрежата на Вардар, Арпад Штербик, кој месечно инкасира 25.000 евра. На листата е и доскорешниот кружен напаѓач Рожерио Мораеш со месечна плата од 16.500 евра.

Манасков во ниту еден момент не се наоѓа на листата, што значи дека неговите примања на месчна основа не ја надминуваат границата од 12-13.000 евра. Борозан во дресот на Вардар настапуваше од 2016 до 2019 година, а си замина непосредно пред освојувањето на цвтората европска круна, не можејќи да ја издржи финансиската криза во клубот.