ЕХФ се поклони пред Македонецот: За Лазаров годините се само – бројка (ВИДЕО)

Екипата на Нант без разлика на постојаната иницијатива, мораше да се задоволи само со реми во синоќешната пресметка на домашен терен против Бенфика (33-33) во меч од Европската лига, во кој нашиот Кирил Лазаров постигна еден погодок.

Но, тој беше за паметење, со оглед што беше реализиран со вистинска „бомба“ од десетина метри, со шут по кој голманот воопшто и не ја виде топката.

Ваквата мајсторија на 41-годишниот македонски ракометар, кој воедно е и селектор на националната селекција, не остана незабележана од ЕХФ, која кој знае по кој пат се поклони пред неговата величина.