ЕХФ не попушта – и вторпат го суспендираше Драган Начевски!

Поранешниот македонски судија и долгогодишен претседател на Судиската комисија во ЕХФ, Драган Начевски и по вторпат е суспендиран на две години од страна на судот на Европската ракометна федерација поради непријавување обид за поткуп за местење (види ТУКА).

Тој пред една година ја доби истата казна, но сметаше дека е невин бидејќи и самите предводници на европскиот ракомет велеа дека нема докази против него, поради што се жалеше до Апелацискиот суд кој му го усвои барањето и ја врати постапката на почеток. И покрај тоа, луѓето од ЕХФ покажаа решителност да се пресметаат со Македонецот, па денеска повторно го суспендирале на две години. Неговата суспензија почнува од 12 април, а од неа ќе бидат одземени два месеци.

Начевски истовремено поради непријавување обид за поткуп е казнет и со 5.000 евра. Тој повторно има право на жалба до Апелација и тоа во рок од седум дена.