ЕХФ го одложи мечот меѓу Мешков Брест и Порто по срцевиот удар на Кинтана

Европската ракометна федерација (ЕХФ) реши да го одложи натпреварот помеѓу Мешков Брест и Порто, кој беше закажан за среда во Лигата на шампиони откако денеска срцев удар доживеа голманот на португалскиот тим, Алфредо Кинтана.

Колегата на македонскиот голман Никола Митревски во моментов е во болница откако имаше срцев удар на тренинг, а се чекаат повеќе информации за здравствената состојба на искусниот чувар на мрежата.