Вардарова песна ечеше во СЦ „Јане Сандански“, навивачите дадоа сѐ од себе, ама ракометарите на македонскиот првак тотално потфрлија за прв пораз сезонава во Лигата на шампионите од француски Монпелје со 25-31.

Вардар го одигра најлошиот меч досега во сезонава, грешките и лесните голови за противникот беа безбројни, па не помогна и френетичната атмосфера предводена од Комити, зашто во црвено-црните немаше расположени за да се издигнат.

На крајот ракометарите побараа прошка, а навивачите со песна пак ги испратија како мотив веќе на следниот меч да се вратат на вистинскиот колосек.