Додавањето на Карачиќ кон Стоилов е асистенција на годината! (ВИДЕО)

Асистенцијата на Игор Карачиќ до Стојанче Стоилов за време на финалето во Лигата на шампионите помеѓу Вардар и Веспрем е прогласена за најдобра измината сезона. 

Хрватот успеа да ја измами одбраната на Унгарците на чело со Благотиншек и со луцидно додавање од земја го пронајде пикерот, кој реализираше во голот.