Димитриевски: Металург не смее да греши како против Војводина

Еден од клучните играчи на Металург во одбраната Дарко Димитриевски предупредува дека тимот не смее да ги повтори грешките од дуелот со Војводина и против Бешикташ во Лигата на шампиони.

Мора да се намали бројот на загубени топки, утнати зицери и секако не смеат да не се реализираат пенали. На дуелот во Нови Сад вчера Металург не реализираше четири пенали, односно реализираше само два пати од седум метри од шест обиди.

„Го знаеме противникот што ни доаѓа. Тука треба да ги бараме првите наши два бода. Бешикташ настапи на турнирот во Струга, играчите горе-долу ги познаваме, знаеме со што располагаат. Имаме два дена време за одмор и мислам дека со добра игра, ефикаен напад, може да се надеваме на успех. Мора да бидеме мотивирани, бидејќи тоа треба да биде наша одлика. Ќе ни треба и публиката, играме подобро дома, мора да реализираме многу напади и да ги намалиме техничките грешки. На мечот во Војводина многу грешевме, имавме промашени пенали, а овој пат против Бешикаташ мора да се подобриме во нападот.