Дибиров: Останувам во Вардар, ситуацијата е подобра, клубот ќе биде спасен!
Крилниот играч, за руските медиуми потврдил дека ќе остане во Скопје.
„Следната сезона ќе ја поминам во Вардар. Клубот ќе биде спасен, а ситуацијата е многу подобра“, рече Дибиров.
Кај старо-новиот европски шампион, сезонава владееше беспарица, но според последните информации клубот ќе биде спасен, а тоа значи дека и понатаму ќе го гледаме помеѓу најсилните европски клубови.