Диало: Да извлечеме поука од овој пораз и да се подобриме!

Вардаровиот ракометар Бакари Диало после поразот на црвено-црните од Монпелје со 25-31 посочи дека ќе треба да се извлечат поуки од овој пораз и Вардар да се подобри за следните предизвици, откако прелесно македонскиот ракометен првак го загуби мечот во четвртото коло во Лигата на шампионите.

Диало призна дека Вардар од почеток не влегол во мечот како што треба, за разлика од Монпелје, кој потоа во текот на целиот меч бил подобар противник и заслужено победил.

„Вардар од почеток не тргна добро во мечот, за разлика од Монпелје кој имаше добар старт и потоа во текот на целиот меч беа подобри. Ќе извлечеме поука од овој меч и ќе треба да се подобриме за следните. Како што рече тренерот (вујо – н.з.), Монпелје мора да се почитува и да се има респект кон нив, зашто покажаа дека се одличен тим и со Кил. Сезоната е долга, треба да работиме подобро во следниот период и да се подобриме. Благодарност за навивачите за атмосферата во салата“, потенцира Диало.