Дејвис: Се вратив во Скопје, победив - имав многу убав ден!

Поранешниот помошник-тренер во Вардар, Давид Дејвис Камара, се врати во Скопје како тренер на Веспрем и ќе си замине триумфално. 

Кажа дека натпреварот бил тежок, но Веспрем заслужени победи, благодарение на Роланд Миклер и на подолгата клупа.

„Денеска беше многу убав ден за мене, се вратив во Скпоје. Јас и моето семејство овде бевме четири и пол години, ни беше убаво. Овие денови видов многу пријатели, беше фантастично. Натпреварот, беше многу тежок. Вардар оваа сезона загуби само од Барселона. Цела сезона игра одлично во оваа многу тешка група. Ние сакавме да победиме овде, но беше тешко, особено во прво полувреме, кога ние направивме многу грешки и голманите не беа како што треба. Во второ полувреме ние имавме повеќе играчи од клупата, Вардар беше повеќе уморен. Тие имаа проблеми во позициониот напад и тоа беше решавачко“, изјави Дејвис на чист македонски јазик.

Тој дојде во Вардар набргу по доаѓањето на Раул Гонзалес во јануари 2014 година, а во еден период беше и тренер на женскиот тим на Вардар.