Дејвис: Имаме два противника - Вардар и фанатичната публика

Вардар овој викенд го игра првиот домашен натпревар во Лигата на шампионите по паузата. Противникот е екстра силниот Веспрем кој воедно и директен конкурент на Вардар за втората позиција на табелата. Унгарците ги предводи поранешниот вардарец, Давид Дејвис кој добро ги познава „црвено црните“ ракометари. 

Предводникот на Веспре, Давид Дејвис е исклучително возбуден пред пресметката во сабота, свесен е дека Вардар ќе има громогласна поддршка во „Јане Сандански“.


„Очекувам одличен натпревар. Имам одлични спомени во Скопје, ќе биде тоа емотивно за мене. Атмосферата во салата ќе биде пеколна, слично како и на домашните натпревари на Веспрем. Навивачите го сакаат ракометот и на вистински начин им даваат поддршка на ракометарите. Моите играчи се мотивирани и со нетрпение го очекуваат овој дуел. Ќе биде многу тешко, но и многу убаво во исто време“ кажа поранешниот помошник на Раул Гонзалез.

 

Дуелот помеѓу Вардар и Веспрем е закажан за в сабота со почеток од 17:30