Данска закажа финале со Норвешка, Франција ќе се бори за трето место на ЕП

Данските ракометарки вечерва беа подобри од Франција со 24-22 во полуфиналето на Европското првенство (ЕП) и си закажаа финале против Норвешка која претходно ја совлада Унгарија со 30-22.

Франција го држеше чекорот против Данска до 5-5, по што направи неколку грешки во нападот кои набрзо беа казнети за предност од 13-11 за данските ракометарки.

Данска влезе лошо во второто полувреме, по што Франција израмни на 14-14, но тоа како да го разбуди ривалот. Данските ракометарки возвратија со серија од 6-0, по која успешно ја чуваа предноста до крајот за да триумфираа со 24-22.

Најдобра во победничкиот состав беше Хансен со седум голови, додека Фопа запиша четири погодоци за Франција.