Фудбалерите имаат бонбона распоред - може да почнеме со две победи!

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги доби противниците во квалификациите за Светското првенство (СП), а вечерва беше објавен и распоредот на натпревари.

Првиот предизвик за Македонија е закажан на 22 март, кога ќе гостува кај Лихтенштајн од 15 часот, а три дена подоцна ќе го пречека Велс на домашен терен од 20.45 часот.

Возбудувањата продолжуваат три месеци подоцна кога Македонија ја пречекува Белгија на 6 јуни од 20.45 часот, а потоа му гостува на Казахстан на 9 јуни од 16 часот.

Два меча се закажани за септември, кога Македонија прво ќе се соочи со Лихтенштајн на домашен терен на 7 септември од 19 часот, по што потоа играме на гости против Белгија на 10 октомври и Казахстан на домашен терен на 13 октомври.

Последниот меч на македонската селекција е закажан на 18 ноември кога од 20.45 часот ќе се соочи против Велс.