Алкалоид лесно го совлада Прилеп за 14. триумф во Суперлигата
Прилеп го почна мечот со водство од 2-0, но набрзо избраниците на Кире Лазаров го свртеа резултатот во своја корист (7-3), по што предноста растеше до 18-13 на полувремето.
Домаќинот не успеа да ја врати неизвесноста на стартот на вториот дел бидејќи Алкалоид беше одличен во одбраната, но и нападот за на крајот да триумфира со 40-30.
Александар Петковски постигна шест голови за Алкалоид, додека Никола Цветаноски запиша пет погодоци за Прилеп.
Алкалоид е прв во Суперлигата со 28 бодови, односно два повеќе од Вардар и четири од Пелистер.