Данска и без главните ѕвезди си осигура четврт-финале на СП!

Селекцијата на Данска и без најголемите ѕвезди лесни и убедливо ја совлада Јапонија (27-34) и како првопласирана во групата во која се уште и Аргентина и Хрватска патува во четвртфиналето на Светското првенство (СП), кое се игра во Египет.

Скандинавците настапија без Микел Хансен и Јохан Хансен, но тоа не им пречеше да им одржат лекција на „самураите“. Јакобсен диригираше во победата со 11 гола, а Гидсел имаше шет погодока, додека кај азиската селекција најефикасен беше Агари со шест реализации.

Германија го надигра Бразил (31-24) и ја прекина серијата од два порази во втората фаза од Унгарија и Шпанија. „Кариоките“ имаа проблеми во бековската линија, евидентно беше отсуството на Толедо кој сериозно се повреди. Гоља постигна седум гола, пред Хафнер и Вебер со по пет, а кај Бразил, Мораеш со шест и Лангаро со четири беа на врвот.