Црвено-црните како казнена експедиција: Вардар го „избрка“ тренерот на Манасков!
Според информациите од Унгарија, покрај стратегот, жртва на неочекуваниот, барем за унгарската јавност, пораз од црвено-црните е и тим-менаџерот на Веспрем, Еклемовиќ. Унгарците по три кола имаат само една победа, што дефинитивно ја прели чашата кај управата на овој клуб.
Врањеш не го прими спортски поразот од Вардар, откако на прес-конференцијата по мечот алиби бараше во, според него, тенденциозното судење во корист на македонскиот тим.