Четири гола за Ристовска, ЦСКА го совлада европскиот шампион!

Ракометарите на ЦСКА Москва одиграа фантастичен меч во Норвешка против актуелниот шампион Вајперс Кристијансанд и го совладаа со 27-24 во петтото коло од Лигата на шампиони (ЛШ).

Домаќинот во поголем дел од првото полувреме имаше водство, но сепак на крајот ракометарките на ЦСКА се изборија за 11-11 пред паузата.

Во второто полувреме ЦСКА ја презема контролата во свои раце и успеа да поведе, а на крајот триумфираше со 27-24 и така запиша голема победа.

Македонската ракометарка Сара Ристовска одигра одличен меч и притоа реализираше четири гола од четири обиди, додека најдобра беше нејзината колешка Елена Михајличенко со 10 погодоци.