Червар патетичен: Во кариерата водев и една сиромашна екипа од Скопје, немавме ни тоалет... (ВИДЕО)

Не можеше хрватскиот ракометен селектор Лино Червар да издржи пред камерите на хрватската РТЛ, па по загубеното финале, кога се прости од репрезентацијата која ја водеше до среброто, повторно патетично да потсети на неговиот минат труд во кариерата. Па повторно нѐ потсети и на неговиот ангажман во Металург и лошите услови во кои тогаш, наводно работел.

„Не можеш во животот сѐ да добиеш. Мораш да се задоволиш со тоа што го имаш. Кога ке ја видиш мојата кариера и сите мои медали. Благодарен сум, не се жалам. Со гордост гледам на мојата кариера. Израснав во малиот Умаг, со тамошниот клуб од петта лига, дојдовме до првата на СФРЈ, потоа со селекцијата на Италија ја елиминирав Словенија, па потоа на СП во Јапонија бевме рамноправни со сите. Па потоа бев во Македонија, пет години тренирав една екипа од крајот на градот, една сиромашна екипа, со неа двапати влеговме меѓу петте најдобри во Евцропа, а немавме ни добар тоалет“, изјави меѓудругото хрватскиот стратег.

Делот за Металург е на 2.27 од снимката.