Борбената Хрватска го измачи фаворитот: Данска го продолжи маршот кон полуфинале!

Светскиот првак Данска го продолжи маршот кон полуфиналето и атакот кон европската круна, како прв фаворит на Европското првенство, па дојде на чекор до заверување на пласман во завршната битка на континенталниот шампионат, после победата против борбената Хрватска со 27-25.

Иако се очекуваше многу полесна победа на Данците, Хрватска вечерва добро го намачи фаворитите, па нијанси пресудија светските прваци да дојдат до победата и во групата да бидат единствени со максимални шест бода досега, на две кола до крајот и им треба една победа за да го заверат пласманот во полуфиналето.

Данска до крајот ги чека пресметка со Холандија во вторник и против Франција во четврток.

„Каубоите“ во ниту еден момент не се предадоа, па ни кога двапати имаа најубедливи минус четири во првиот дел (4-8), за да стигнат до егал (10-10), па на само гол негатива на полувреме, но данските голмани бранеа кога беше најпотребно, а Мика Хансен и Гидсел го предводеа нападот за константно во вториот дел Данците да бидат на два до три разлика, а во завршницата повторно дојдоа до највисоките плус четири (25-21) и до крајот колку Хрватите и да се трудеа да се вратат, пресуди квалитетот на светскиот првак за победата.

Хансен мечот го заврши со осум гола, Јакобсен даде шест, Годсел пет, додека Мариќ кај Хрватска имаше осум гола, додека Тин Луцин даде четири.