Блесна вистинскиот Талески, ни Милосављев не можеше да го спаси Фуксе!

Македонскиот репрезентативец Филип Талески конечно блесна во полн сјај во германската Бундеслига, па денеска со осум гола беше еден од предводниците за победата на својот тим против Фуксе Берлин со 31-30.

Талески го наполни поранешниот вардаров голман Дејан Милосављев, откако му даде осум гола од 11 шута, а додаде и две асистенции за да има фантастичен настап за својот тим. Покрај него, уште Гретарсон даде осум гола во големата победа на Балинген.

Ова е најдобриот меч што еден од најголемите ракометни таленти на Македонија го одигра во германската Бундеслига, каде замина од Металург во Рајн-Некар Левен, а летово се пресели во Балинген за да има поголема минутажа.

Филип Кузмановски со Магдебург победија на гости кај Ерланген со 32-26, но македонскиот бек не се запиша во листата на стрелци на овој меч.