
Барселона пресилна за Митревски и Порто
Порто даде отпор само на почетокот на средбата и во еден момент водеше со 8-7, но потоа Барселона влезе во одличен ритам и го доби првото полувреме со 20-15.
Барселона доминираше и во второто полувреме во кое предноста постојано растеше и достигна +11 (35-24), а до крајот Порто намали на 33-40.
Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски запиша шест одбрани, додека најдобар во нападот на Порто беше Микелсен со пет гола, а на спротивната страна блеснаа Ричардсон и Абело со по седум погодоци.