Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 денеска имаа прв собир, со кој означија старт на подготовките за натпреварувачките предизвици, кои ќе почнат уште на крајот на август.

Двата тима имаат различни агенди, со оглед на тоа дека за првиот тим натпреварите почнуваат порано. Поради тоа, Жељко Бабиќ само четири дена ќе ја држи екипата во Битола, а од 23 до 30 јули ќе продолжат во Маврово. Веќе од почетокот на август Еурофарм Пелистер ќе тестира и ќе ги одигра првите пријателски средби, а сезоната практично ќе почне на 11 август. За тогаш е закажан Супер купот со Вардар, додека на 21 август е четвртфиналниот меч од СЕХА-лигата, против Мешков Брест.

Вториот тим на Е. Пелистер, пак, ќе тренира во Битола до крајот на јули, а во втората фаза ќе продолжи во Маврово од 1 до 10 август. Во исчекување на почеток на Суперлигата, планирани се два пријателски дуела со Прилеп, еден со Пролет, како и настап на турнирот „Мипе Нешковски“.

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР:

Дојдоа: 
Реиние Табoaда (Данкерк), Јосип Божиќ-Павлетиќ (Гепинген), Филип Ивановски (Еурофарм Пелистер 2), Мартон Секељи (Порто), Немања Обрадовиќ (ППД Загреб), Марко Кизиќ (Вардар)

Заминаа:
Марин Вегар, Дарио Петровски, Градимир Чаневски, Карим Хендави,  Благојче Трајковски, Невен Стјепановиќ

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2:

Дојдоа:
Милан Ѓукиќ, Благојче Трајковски, Цветан Кузманоски (Еурофарм Пелистер), Андре Буторац (Голден Арт КЛ7), Мартин Табаковски

Заминаа:
Стефан Дрогришки, Јован Талевски, Димитар Бардакоски, Филип Ивановски