Зарков се врати на клупата на Пелистер 2

Легендата на битолскиот ракомет Александар Зарков се врати на клупата на Пелистер 2 и во новата сезона ќе го води овој клуб.

На тренерската позиција ќе го замени Михајло Петровски кој си поднесе оставка откако неговиот тим не успеа да обезбеди опстанок во елитната конкуренција и испадна во понизок ранг. Прва цел на Зарков ќе биде да го врати тимот во Суперлигата каде што беше до пред неколку месеци.

Поранешниот пикер на Пелистер беше тренер на Пелистер 2 во периодот од февруари до јуни 2023 година. Во исто време беше дел од стручниот штаб на првиот тим на Пелистер и учествуваше во освојувањето на шампионската титула таа сезона. Минатото лето потпиша договор со грчкиот прволигаш Неа Јонија, но таа авантура траеше кратко и тој се врати во Битола.

Неговото претставување е предвидено за 24 јули, кога почнуваат подгоговките на Пелистер 2 за новата сезона.