Вујин: Карачиќ ме „убеди“ да дојдам во Вардар!

Искусниот Марко Вујин е едно од најголемите засилувања за Вардар во новата сезона и замена за Данис Криштопанс на позицијата десен бек.

Србинот иако во поодминати години и натаму е дел европскиот ракометен крем и самиот се надева дека во Скопје ќе се препороди по наубедливата авантура во Спортинг Лисабон.

„Искрено се радувам, на 18 јули треба да и се приклучам на екипата во Скопје. Се надевам дека ситуацијата околу коронавирусот ќе се поправи“, изјави Вујин за „Спортски Журнал“.

„Ќе се вратам на ниво на ракомет и клуб сличен на оние во кои минав најдолго од кариерата (Веспрем и Кил). Вардар во последните три години два пати ја освои Лигата на шампиони и натаму е официјално шампион. Ако даде Господ, ситуацијата околу коронавирусот да се среди, би сакал повторно да заиграме во преполна сала. Со Кил два пати гостував во Скопје против Вардар и се сеќавам на таа фантастична енергија, како онаа во Веспрем и Кил, каде исто така се дише за ракомет. Досега не сум играл, да речеме на Балканот, па одбрав тоа да биде во мојата последна етапа од кариерата. Се надевам дека спортското здравје ќе ме послужи“, додава поранешниот најдобар стрелец во Бундеслигата.

Вујин вели дека лесно се договорил со Вардар и пред да поптише се консултирал со поранешни играчи кои му кажале одлични работи за македонскиот тим, меѓу кои и Игор Карачиќ.

„Во неколку наврати разговарав со претседателот Михајло Михајловски. Ми остави позитивен впечаток, а од играчите кои беа пред мене во Вардар и го знаат од претходниот мандат велат дека е голем вљубеник во ракометот. Неодамна разогварав и со Игор Карачиќ и ми кажа само позитивни работи за клубот, градот, салата, условите. Клубот исто така се потруди сè да ме чека подготвено кога ќе дојдам. Со позитивни мисли, со желба за нови ракометни достигнувања влегувам во оваа приказна. Ќе има прилика повторно да се запознаат себе си“, завршува Вујин во интервјуто за „Спортски Журнал“.