Ветеранот Вујин две сезони ќе го носи дресот на Вардар!

Актуелниот европски шампион Вардар денеска промовираше уште едно засилување за следната сезона, односно искусниот српски интернационалец Марко Вујин.

Вујин минатата сезона настапуваше за екипата на Спортинг, а претходно седум години го носеше дресот на Кил, па нема сомнеж дека ќе внесе дополнителен квалитет и искуство во екипата на „црвено-црните“.

Десниот бек со богата интернационална кариера потпиша двегодишен договор со Вардар, а во следната сезона ќе го носи бројот 41 на неговиот дрес.

Вардар промовираше уште неколку засилувања, меѓу кои македонските репрезентативци Гоце Георгиевски и Филип Талески, како и Анте Гаџа и Јосип Векиќ.