Вардар гостува во Автокоманда, Алкалоид мотивиран по освоениот Суперкуп

Ракометната сезона во Суперлигата ни носи големо дерби уште на стартот, откако во првото коло ќе се соочат Алкалоид и Вардар од 19 часот во Автокоманда.

Освојувачот на Суперкупот на Македонија ќе го пречека поранешниот македонски и европски шампион Вардар, а се најавува вистински спектакл со оглед на тоа дека двете екипи се мотивирани и ќе се борат за висок пласман.

Тренерот на Вардар, Владо Недановски вчера кажа дека сè освен титула во новата сезона ќе биде неуспех за „црвено-црните“, додека избраниците на Кире Лазаров се „загреани“ за дербито по освоениот Суперкуп со победата против Пелистер од 33-30.

Натпреварот меѓу Алкалоид и Вардар се игра вечерва од 19 часот во Автокоманда.

РЕЗУЛТАТИ - 1. КОЛО - РАКОМЕТНА СУПЕРЛИГА:

Бутел – Куманово 29-12
Струга – Бисинов 30-31
Прилеп – Пролет 30-30
Радовиш – Охрид 18-36
Тиквеш – Пелистер 27-31