Вардар го истури гневот врз „фенерџијата“ (ФОТО)
„Црвено-црните“ славеа со 29-20 против последнопласираниот тим на табелата иако натпреварот го одиграа без неколку стандардни ракометари кои не настапија поради повреди. Стружани беа рамноправен ривал во првите 15 минути во кои неколку пати беше и во водство, а потоа Вардар направи серија од 7-1 и поведе со 14-7 со што заврши голем дел од работата околу победата.
На полувреме беше 16-8, а домашниот тим првпат направи двоцифрена предност во 37. минута кога на семафорот стоеше 20-10. Тоа беше и највисоко водство на натпреварот кое Вардар потоа го повтори уште во три наврати.
Мохамед Бахар беше најефикасен во домашниот тим со девет гола, еден повеќе имаше првиот стрелец на мечот Мерис Бошњак од екипата на Струга. Вардар сега има девет бода и привремено се искачи на третата позиција на табелата, но ривалите, своите натпревари треба да ги одиграат во текот на викендот.