Вардар го испрати Тунижанецот Тарик Бакар на позајмица во Пролет
Бакар дресот на Вардар го носеше во пролетниот дел од минатата сезона, а сега двата клуба се договорија за позајмица. Неговиот договор со Вардар е со важност до јуни 2025 година.
Низ кариерата Бакар ги помина сите младински селекции на Тунис, а во кариерата го носеше дресот уште на Клуб Африкан, Олимпик Солиман и Ксур Есеф.