Вардар го испрати Металург со минус девет од „Јане Сандански“

Вардар и Металург одиграа контролен натпревар во „Јане Сандански“, во кој шампионот на Македонија убедливо го доби својот градски ривал.

Вардар славеше со 35-26 против Металург, покажувајќи дека е на вистински пат под палката на тренерот, кој штотуку дојде, Стевче Алушовски. Убедливата предност црвено-црните ја стекнале во второто полувреме, кое го добиле со 18-11.

Тимур Дибиров со осум гола бил прв стрелец, Криштопанс има шест, Чупиќ и Скубе по пет. Овој натпревар се играше зад затворени врати во „Јане Сандански“ и втор за помалку од една недела, откако на истиот паркет Вардар го совлада Еурофарм Пелистер, со 32-28. Металург, пак, пред овој меч беше активен во Франција, на пријателски турнир во Монлисон, каде што го освои третото место во конкуренција на четири екипи, а одигра и два меча против Кретеј и против Ним.