Тројца ракометари сигурно остануваат и во „новиот“ Вардар!

Вардар ќе доживее нова трансформација и сопственичка, но и кадровска, почнувајќи од 1 јуни. Сепак, дотогаш ќе се знае кои од постојните ракометари ќе продолжат да играат во црвено-црниот дрес.

Неофицијално, вардарци остануваат и во иднина, барем, тројца ракометари од актуелниот состав: Тимур Дибиров, Иван Чупиќ и Стојанче Стоилов. Тоа се тројцата првотимци на внатрешните линии во нападот и столбовите на екипата и на и надвор од теренот.

Дибиров дојде во Вардар во почетната постава на тогаш новиот проект на Сергеј Самсоненко, во 2013 година, бргу стана миленик на публиката, а по некое време доби и македонски пасош, како сигнал дека неманамера иднината на своето семејство да ја поместува од Скопје

Стоилов е најстариот по стаж вардарец, „икона“, како што го нарекуваат Комити во своите скандирања и сосема е извесно дека во Вардар ќе сака да ја заврши кариерата. Впрочем, сите тројца се кон крајот на своето професионално патешествие, со нив и Иван Чупиќ, кој исто така ќе продолжи и од следната сезона.

Старо-новиот сопственик на Вардар, Михајло Михајловски, најави дека во периодот од 15 до 20 мај би требало да дефинираат кои играчи ќе останат, а за кои позиции ќе мора да се носат засилувања, затоа сега Вардар ќе треба само да потврди. Блиску до задржување на амблемот со две шампионски ѕвездички се и голманот Борко Ристовски  Сергеј и Горбок.