Тешеира е ракометар на Металург, но сака да остане во Романија!?

Бразилскиот ракометар Енрике Тешеира потпиша за Металург, но веднаш потоа стигна демант од Романија и неговиот трансфер се искомплицира.

„Г-спорт.мк“ објави дека Тешеира се премислил и сега сака да остане во Романија поради семејни причини, односно сака да биде блиску до неговото семејство.

„Тешеира е ракометар на Металург, со потпиша едногодишен договор. Сепак, има проблеми кои го задржуваат во Романија. Без оглед на тоа дали ќе дојде во Скопје или не, доколку некој клуб го сака, ќе мора да преговара со нас. Не сме загрижени воопшто, има и други ракометари кои се борат за таа позиција во Металург“, кажа претседателката на Металург, Зорица Блажевска.

ИЗВОР: Г-спорт.мк