Тажен ден за македонскиот ракомет: Бивш репрезентативец ја загуби животната битка!

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец и легенда на ракометот во Велес, Тони Шопов ја загуби животната битка и почина денеска.

Шопов кој остави силен белег во македонскиот ракомет и како играч, репрезентативец, а потоа и како спортски работник од Велес, човек кој даде голем придонес во развојот на македонскиот ракомет, пет години водеше битка со ракот на дебелото црево, но не успеа да се избори со тешката болест.

Екс-репрезентативецот од 2017 година имаше неколку операции, а последен пат имаше и хуманитарна акција пред две години за да го продолжи лекувањето во Турција и после пет години борба со најтешкиот противник на крајот не издржа во најважната битка за својот живот.

Легендата на Борец во кариерата играше за многу македонски и странски клубови.