Талески заминува во Бенфика, емотивно се збогува со вардарци!

Македонскиот репрезентатиен лев бек Филип Талески после три години во Вардар ги заминува од најтрофејниот ракометен клуб после последниот меч со Алкалоид во оваа сезона и оди на печалба во португалска Бенфика, па емотивно се збогува од црвено-црните.

Талески со Вардар освои две шампионски титули, а сезонава го одбрани пехарот во Купот на Македонија, но му завршува договорот и веќе има двегодишен договор до Бенфика. Пред да дојде во Вардар во 2020 година, Талески од Металург замина во германски Рајн-Некар Левен каде мина две години, а потоа уште една играше во Белинген пред да се врати во Македонија.

„Никогаш довидување, само поздрав до следно видување“, сподели Талески.

Негов последен меч е дуелот со Алкалоид викендов во последното коло од оваа сезона во која Пелистер го презема приматот и ја прекина доминацијата на Вардар во домашната Суперлига, а мечот е исклучително важен за црвено-црните зашто со второ место имаат директен пласман во групите во Европската лига, ако ЕХФ даде зелено светло откако лани црвено-црните поради финансиски долгови беа суспендирани за настап во ЛШ.