Струга подобра од Радовиш за втор триумф во сезоната

Екипата на Струга денеска ја запиша втората победа во Суперлигата откако на домашен терен беше подобра од Радовиш со 30-25.

Радовиш е последен тим на табелата и остана без бодови и по овој натпревар на кој заслужено беап оразени.

Домаќините од самиот старт најавија дека нема да дозволат изненадуваање, па на полувремето веќе имаа и шест разлика (15-9). Во втоото полувреме брзо стигнаа и до двоцифрена предност (19-9), а потоа тренерот на домаќини шанса даде на помладите ракометари.

Во таков состав гостите ја намалија разлика до пет гола, но победата на Струга во ниту еден момент не беше загрозена.