РФМ потврди, 18 клуба се жалат за парите од ваучерите! (ФОТО)

Ракометната федерација на Македонија потврди дека повеќе клубови се жалат и изразуваат незадоволство од распределбата на спортските ваучери за 2022 година.

Во соопштение до медиумите РФМ ги соопшти 18-те клуба, го констатира нивното незадоволство и ги повика на средба за да се обидат да најдат начин да ја надминат оваа состојба.

Истовремено, во соопштението РФМ не изрази некој посебен став за тоа дали клубовите се во право или не и во која насока би било можно решение, само истакна дека ваучерите се поделени во согласност со бодувањето и со претходно пополнети обрасци од клубовите. Објави и табела која ги содржи сумите и бодовите за сите клубови кои добивале ваучери во 2020, 2021 и во 2022 година.

На неа можат да се забележат очигледни разлики во сумите и тоа дека клубовите кои оваа година добиле помали суми истите кои реагираат до РФМ.