Ракометните прволигаши бесни: Ќе го бојкотираме првенството!

Продолжува незадоволството од спортските ваучери кои ги доделува Агенцијата за млади спорт како финансиска помош за спортските субјекти во земјава, но овој пат гласот доаѓа од ракометните прволигаши и е остро насочен кон Ракометната федерација на Макдонија (РФМ).

Клубовите од втората по квалитет лига во нашата земја и во машка и во женска конкуренцја, се обратија до РФМ незадоволни од распределбата на средствата и од нивниот износ. Сметаат дека има голема непропорционалност во заслугите и висината на спортските ваучери кај прволигашите и бараат да се изврши прераспределба, бидејќи во спротивно ќе го бојкотираат првенството.

РФМ, како и останатите федерации, е таа која со соодветно бодување подготвува ранг-листа на клубовите и ја доставува до АМС, за потоа врз основа на неа да бидат поделени ваучерите. Затоа клубовите бараат или нова, според нив поправедна поделба или средба со раководството на РФМ за да се најде заеднички договор. 

Едно од барањата е и „минималец“ од 600.000 денари по клуб, сума која според официјалната распределба не ја достигнуваат дури 11 клуба. За илустрација, највисок е ваучерот на Голден Арт, 7,5 милиони денари, РК Јехона, Текстилец, Кичево...имаат по 420.000 денари, а РК Феникс од женската Суперлига има најниски 250.000 денари.

Ви го пренесуваме обраќањето на прволигашите во целост. 

Поради незадоволство од распределбата на средствата од даночно ослободување преку ваучер системот, ракометните клубови го доставуваат овој

П Р И Г О В О Р

До Ракометната Федерација на Македонија

Ние ракометните клубови од Првата машка лига и од Првата женска лига изразуваме големо незадоволство поради добиените средства според листата објавена на 10.02.2022. за даночно ослободување преку ваучар системот. Оваа година Покрај оваа голема криза средтвата од непознати причини се значително намалени и можат да го доведат во прашање нашето понатамошно опстојување. Сметаме дека распределбата е апсолутно неправедно направена голем дел од клубовите се скратени а некој фаворизирани, со оглед на нашите постигнати успеси и освоени бодови, и дека мора да се обрне внимание и на нас и да добиеме и подобра финансиска подршка како сите би биле еднакви во правото и ние некогаш да бидеме први. Сите ние работиме за доброто на спортот конкретно за доброто на ракометот, работиме и со младински категории и се чувствуваме понижено кога нашата долгогодишна работа се оценува на толку ниско ниво. За да функционира еден колективен спорт без проблеми треба да има минимум средства кои се неопходни за да може да функционираме. Со овие добиени средства најголем дел од нас клубовите неможат да ги платат основните работи како термини во сала и превоз за натпревари а никако неможе да стане збор за плаќање судии, опрема, плати или стипендии за играчите. На овој начин наместо нашите екипи да останат стабилни и подобри, ќе ги губат своите играчи и во најлош случај може да дојде до затворање на клубовите.

Сведоци сме како одредени клубови со сличен ранг во последните две сезони имаат огромна разлика во висина на сумите што сметаме дека е апсолутно неправедно. Поради тоа бараме да ги поништите листите и да направите нова и реална распределба или корекција на клубовите. Бараме да има минимална сума во машката ( 600 000 ) и женската лига (600 000 денари). Очекуваме во текот на неделата овој проблем да биде решен, бараме итен состанок со претставници на Ракометната федерација и директорот на Агенцијата за млади и спорт. Во спротивно ќе ја бојкотираме првата машка лига и женската лига