
РФМ ја прифати жалбата и му ја додели победата на Бутел! (ВИДЕО)
Пролет го постигна голот за реми во последната секунда од мечот од пенал, но било утврдено дека часовникот бил запрен кога требало времето да тече и натпреварот траел 7,5 секунди повеќе од регуларното време.
Екипата на Пролет вчера преку соопштение порача дека победата треба да му биде препишана на Бутел.