Ракометен суперлигаш по пет порази во последните шест меча го смени – тренерот!

Екипата на Пролет утринава ја информира јавноста дека Никола Матлиески повеќе нема да ја води екипата од клупата, што доаша по големата резултатска криза во последните кола.

Скопскиот тим претрпе пет порази на шест натпревари, а во деветте последни рунди постигна само две победи, што ја наметна потребата од смена на тренерската позиција. Матлиески го презеде Пролет на почетокот од 2025 година, во период кога клубот се соочуваше со тежок момент по смртта на Александар Јовиќ. Раководството на клубот оценило дека резултатите не ја следат очекуваната желба за развој, а по поразот од Прилеп на домашен терен била донесена конечната одлука за разделба.

Тимот до крајот на календарската година ќе го води Игор Илиевски, тренер од младинската школа на клубот, кој ќе ја извршува функцијата привремено додека не биде избрано трајно решение.