Прволигашите ќе играат еднокружно, секое коло ќе биде посебен турнир во - една сала!

Пандемијата со Ковид-19 направи голем хаос во македонскиот ракомет, каде што поради преку 50-тина заразени со коронавирусот во моментов е во прекин Суперлигата, додека Првата лига наместо според стандардниот систем дома-гости ќе се игра – турнирски.

Второто по ранг натпреварување ќе се одигра еднокружно, што значи дека наместо 14 кола, екипите ќе одиграат по седум кола. Секој прволигаш ќе има можност да биде домаќин на еден турнир, кој ќе се игра во иста сала во еден ден, со цел да се намали можноста за поголеми зарази со Ковид-19. Тоа значи дека есенскиот дел од првенството целосно ќе биде одигран овој месец, со оглед што првиот турнир е закажан за в недела, а последниот за 25 октомври.

Ждрепката реши Текстилец да биде единствен тим што нема да биде организатор на еден од турнирите, додека останатите екипи сигурно ќе се најдат во таква улога.

Веќе се одредени се и домаќините на турнирите:

04.10.2020 г.: РК Скопје 2020

10.10.2020 г.: РК Металург 2

11.10.2020 г.: РК Делчево

17.10.2020 г.: РК Македонија Ѓ.П.

18.10.2020 г.: МРК Куманово

24.10.2020 г.: РК Партизан

25.10.2020 г.: РК Вардар Неготино