Пролет се засили со десно крило кое има играно и за Македонија!

Екипата на Пролет го официјализираше трансферот на 25-годишниот Никола Стоилевски, кој ќе игра на позицијата десно крило.

Тој во таборот на скопскиот суперлигаш доаѓа од РК Охрид, а претходно има настапувано за двата тима на Битола. Покрај клупските настапи, минатата година забележа учество и на неколку пријателски натпревари со сениорската репрезентација на Македонија.

Главна причина за ангажманот на Стоилевски е зголемување на конкуренцијата во тимот. Пролет по првиот дел од сезоната е на седмата позиција на табелата со 14 бодови.