Поранешен селектор на Словенија е главен кандидат за тренер на Пелистер!?
Имено, Гарабаја би можел да биде наследен од поранешениот селектор на Словенија, 58-годишниот Борис Дениќ.
Дениќ е стратег со импресивно реноме и кариера зад себе, а во воој момент има улога на советник за равој во Слован. Во овој клуб беше и тренер пред пристигнувањето на Урош Зорман.
Пелистер новиот тренер би требало да го назначи по завршувањето на првиот дел од сезоната бидејќи од клубот најавија дека полусезоната ќе ја завршат со спортскиот директор, Звонко Шундовски на клупата.