Полицаец го удри Филип Талески со пендрек по глава! (ВИДЕО)

Вардар го совлада Пелистер во битката за титулата во Купот на Македонија, но по средбата се случи инцидент во кој најдебелиот крај го извлече ракометарот на „црвено-црните“, Филип Талески кој доби пендрек по глава без никаква причина. 

Колку што може да се забележи на видеото, полицаецот без никаква причина преку неколку луѓе скокна за да го удри Талески директно во главата и само чудо е како ракометарот на Вардар и македонски репрезентстивец избегна сериозна повреда.