Плејоф-сефте за Алкалоид, Кизиќ како Спајдермен – тројна одбрана за паметење (ВИДЕО)

Екипата на Алкалоид дојде до првата победа во плеј-оф фазата од Суперлигата, совладувајќи го вечерва на домашен терен тимот на Тиквеш (34-27) во меч од второто коло.

Натпреварот започна израмнето, при што двата тима се движеа рамноправно до резултат 6-6. Клучен момент беше серијата на одбрани на голманот Марко Кизиќ, кој меѓу другото и со тројна интервенција му овозможи на својот тим да направи серија од пет голови и да поведе со 11-7. Гостите од Кавадарци имаа тешкотии во нападот, што Алкалоид вешто го искористи.

Во второто полувреме, Алкалоид продолжи со темпото, зголемувајќи ја предноста на 22-17, што беше највисоката разлика до тој момент. Тимот на Тиквеш не успеа да се закани сериозно до крајот на натпреварот, и покрај обидите на тренерот Лазаров да ротира составот. Црвен картон во редовите на Тиквеш доби Кристијан Атанасовски по третото исклучување, откако со груб фаул удри во лицето на Дамјан Митев.

Најефикасни кај Алкaloид беа Мартин Серафимов и Дамјан Митев со по шест гола, додека Бинго и Петковски постигнаа по пет. Кај Тиквеш, Кривокапиќ и Обина исто така постигнаа по седум погодоци. Голманот Марко Кизиќ беше еден од клучните играчи на натпреварот со вкупно 11 одбрани.